Уставноста на Законот за амнестија
Анализа
на Бранко Наумоски на Решението У.бр.11/2018 на Уставниот суд на Република
Северна Македонија
Иницијатива и наводи во иницијативата
Адвокатот
С.Д од Скопје до Уставниот суд на РСМ поднел инцијатива за оценување на
уставноста на член 3 од Законот за амнестија (Сл. Весник на РСМ бр. 11/218).
Според подносителот на иницијативата со оглед дека со оспорената одредба од
Законот се исклучува правото на амнестија на одредена категорија на осудени
лица, било спротивно на член 9 од Уставот на РСМ. Имено, според член 9 од
Уставот на РСМ ,, Сите граѓани на РСМ , вклучително и лицата кои се осудени со
пресуда на надлежни судови за кривични дела за кои амнестијата неважи, цитирани
во оспорениот член 3 од Законот за амнестија биле еднакви пред уставот и законите.
Меѓутоа со нивното искличување од правото на амнестија овие граѓани се довеле
во нееднаква состојба со другите граѓани, а пред се со граѓаните сторители на
кривични дека за кои важела амнестијата. Со тоа се доведувало членот 3 од
оспорениот Закон за амнестија во целост да биде спротивен со членот 9 од
Уставот на РСМ. Дотолк повеќе што биле нејасни, необразложни и воопшто немало
причина за ваквото дискриминирање на одредени категории на граѓани осудени за
одредени кривични дела во смисла на нивната нееднаквост со другите граѓани. Поради
наведеното, подносителот на иницијативата предложил Уставниот суд да поведе
постапка за оценување на уставноста на член 3 од Закон за амнестија и во смисла
на член 33 од Деловникот на Уставниот суд предложил судот да одржи јавна
седница на која би ги повикал подносителот на иницијативата, а по потреба и
преставници од научната сфера, а потоа да донесе одлука со која ќе ја поништи
оспорената законска обврска.
Нормативни акти утврдени и применети од судот
Судот на седницата тврдил дека
според член 3 став 1 од Законот за амнестија, амнестијата не се однесува на
лица осудени со правосилна пресуда: на казна доживотен затвор; за кривично дело
Убиство од член 123 од КЗ; кривични дела против избори и гласање членовите
158-165-в од КЗ; за кривични дела против половата слобода и половиот морал и
тоа членови 186,187,188,189,191,193,193-а,193-б и 194 од КЗ; за кривични дела
против државата членови 305-327 од КЗ, кривични дела против јавниот ред членови
394-а-394-г од КЗ; кривични дела и за кривични дела против човечноста и
меѓународното право членови 403-418 и од 418-в-422 од КЗ. Според ставот 2 на
истиот член амнестијата не се однесува и на лицата кои делата предмет на
амнестија ги сториле по 20 Септември 2017 година. Според член 8 став 1 алинеја
3 од Уставот на РСМ владеењето на правото е темелна вредност на уставниот
поредок на РСМ. Во согласност со членот 9 од Уставот граѓаните на РСМ се
еднакви во слободите и правата независно од полот, расата, бојата на кожата,
националното и социјалното потекло, политичкото и верско уверување, имотната и
општествена положба. Граѓаните пред Уставот и Законот се еднакви. Според член
51 од Уставот на РСМ законите мораат да бидат во согласност со Уставот, а сите
друго прописи со Уставот и со Закон. Секој е должен да ги почитува Уставот и
законите. Согласно член 68 став 1 алинеја 18 од Уставот на РСМ, Собранието на
РСМ дава амнестија. Амнестијата е кривично-правен институт дефиниран со
Кривичниот законик (Сл. Весник на РСМ бр.37/96, 80/99, 4/2002, 43/2003,
19/2004, 81/2005, 60/2006, 73/2006, 7/2008, 139/2008, 114/2009, 51/2011,
135/2011, 185/2011, 142/2012, 166/2012, 55/2013, 82/2013,14/2014, 27/2014,
115/2014, 132/2014, 160/2014, 199/2014, 196/2015, 226/2015 и 97/2017). Според
член 113 од овој законик, на лицата кои се опфатени со амнестијата им се дава
ослободување од гонење или потполно или делумно ослободување од извршување на
казната им се заменува изречената казна со поблага казна, им се определува
бришење на осудата или им се укинува определена правна последица од осудата.
Одлука на судот
Уставниот суд на седницата одржана
на 09.07.2018 година донел Решение за неповедување на постапка за оценување на
уставноста на оспорениот член 3 од Законот за амнестија (Сл. Весник бр.
11/2018)
Образложение на Одлуката од страна на судот
Амнестијата
е право на простување (милост) на државата кон сторителите на казниви дела
познато во правниот систем како Овластување на државата под услови пропишани со
закон против сторители на кривични дела да не се покренува казнено гонење, или
пак на веќе осудените лица казната да им биде простена или ублажена.
Амнестијата се
донесува во форма на Закон според КЗ
може да се даде на неодреден број на лица и со неа на лицата опфатени со
амнестијата им се дава ослободување од гонење или потполно или делумно
ослободување од извршување на казната, изречената казна може да им се замени со
поблага казна, да се определи бришење на осудата или да се укине определена
правна последица од осудата, при што не се задира во правосилноста на пресудата
ниту пак во постоењето на кривичното дело. Со уставот не е определена
содржината и видовите на амнестија туку е оставено ова прашање законодавецот да
го уреди со закон. Согласно ваквата уставна определба при донесувањето на
Законот за амнестија според судот законодавецот ги определува кривичните дела
чии што сторители се амнестираат за изречената казна или за извршеното дело и
изречената казна. Ова свое право од донесувањето на Уставот на РСМ
законодавецот го имал искористено неколку пати и при секој случај тој утврдувал
самостојно за кои кривични дела ќе даде аменстија имајќи во вид дека непостои
уставно ограничување за тоа. Очигледно е дека Уставниот суд за вакви случаи
искажал јасен став во повеќе свои одлуки и решенија кога ја оценувал уставноста
на одредби од неколку закони за амнестија и помилување донесени во претходниот
период. Па така со Одлука Убр. 19/2016 од 16.03.2016 година со која е укинат
Законот за изменување и дополнување на Законот за помилување (Сл. Весник на РСМ
бр. 12/2009); Решение Убр. 169/2002 од 19.02.2003 година, со кое неповел
постапка за оценување на уставоста на Законот за Амнестија (Сл. Весник на РСМ
бр. 18/2002); Репение Убр. 2016/1992 од 10.03.1993 година со која неповел
постапка за оценување на уставоста на член 1 од Законот за Амнестија во делот
кој гласи: ,, Неиздржаниот дел на казната,, (Сл. Весник на РСМ бр. 55/91). Во
сите наведени случаи Уставниот суд го искажал своето мислење дека законодавецот
има уставно овластување да утврди за кои кривични дела ќе го искористи правото
да даде амнестија имајќи во предвид дека за тоа во Уставот непостои уставно
ограничување. При донесувањето на Одлуката судот ги ценел и целите и причините
за донесувањето на овој Закон . Имено при подготвувањето на Предлог-законот
според судот се имало предвид дека условите во казнено-поправните установи како
институции кои треба да овозможат и обезбедат успешна ресоцијализација на
осуденичката популација се неспорно пренатрупани, условите за престој се многу
ниски и оцемети од Меѓународните организации како нехумани, дека опасноста од
криминална инфекција во КПУ е реална при што е оценето дека со донесувањето на
Законот со која одредена група на лица осудени на казна затвор до 6 месеци ќе
се ослободат од издржување на казната затвор, а за останатата затворска
популација е предвидено намалување на казната за 30%, освен за делата кои со
закон се изземени од амнестијата. Во оваа смисла според член 1 од Законот за
амнестија со Законот се уредува ослободување од извршување на казна на: лицата
осудени со правосилна пресуда на казна затвор за кривични дела пропишани со КЗ
или други закони кои на денот на влегувањето во сила на Законот започнале или
незапочнале со издржување на казна затвор во КПУ во РСМ; на лицата осудени со
правосилна пресуда на казна затвор за кривични дела пропишани со кривични
закони на друга држава доколку сторителот е државјанин на РСм и казната ја
издржува во РСМ врз основа на извршување на привична пресуда на странски или
меѓународен суд и истата е признаена со пресуда на надлежен суд во РСМ. Согласно
член 2 од Законот: Осудените лица од членот 1 од истиот закон на кои им е
изречена казна затвор до 6 месеци потпоно се ослободуваат од казната. Одудените
лица одчленот 1 на кои им е изречена казна над 6 месеци се ослободуваат од издржување
на 30% од целокупната казна изречена со правосилна пресуда. Осудените лица од
член 1 од законот на кои со правосилна пресуда им е изречена единствена казна
затвор се одлободуваат од издржување на единствената казна затвор за 30% во
делот на ретходно тврдените поединечни казни опфатени со амнестија. Доколку во
единствената казна затвор е утврдена казна затор за кривично дело кое не
подлежи на амнестија осудениот од членот од законот ќе се ослободи од издржување на казната за 30% само во делот
на претходно утврдените поединечни казни опфатени со амнестија. Согласно член 3
став 1 на Законот, амнестијата не се однесува на лица осудени со правосилна
пресуда: на казна доживотен затвор; за кривично дело Убиство од член 123 од КЗ;
кривични дела против избори и гласање членовите 158-165-в од КЗ; за кривични
дела против половата слобода и половиот морал и тоа членови
186,187,188,189,191,193,193-а,193-б и 194 од КЗ; за кривични дела против
државата членови 305-327 од КЗ, кривични дела против јавниот ред членови 394-а-394-г
од КЗ; кривични дела и за кривични дела против човечноста и меѓународното право
членови 403-418 и од 418-в-422 од КЗ. Според ставот 2 на истиот член
амнестијата не се однесува и на лицата кои делата предмет на амнестија ги
сториле по 20 Септември 2017 година.
Од
изнесеното судот констатирал дека законодавецот јасно и прецизно определил за
кои кивични дела се однесува амнестијата што се дава со Законот односно дека со
Амнестијата се опфатени лица осудени со казна затвор пропишани со КЗ или други закони,
освен лицата кои се сторители на кривични дела наведени во член 3 од Законот,
кои се исклучени од ова право, што преставува уставно овластување и слобода на
законодавецот да утврди за кои кривични дела ќе го искористи правото да даде
Амнестија. Како поткрепа на тоа судот смета дека и во самата уставна определба
не е дадено односно немора таа да биде општа и да се однесува на сите кривични
дела како што всушност се барало со иницијативата, туку законодавецот според
судот има уставно овластување да определи за кои кривични дела ќе даде
амнестија, со оглед дека не постои уставно ограничување за тоа. Оттаму судот
смета дека определувањето на амнестијата во зависност од видот на кривичните
дела, сторителите на тие кривични дела се ставаат во еднаква правна положба без
оглед на полт, расата, бојата на кожата, националното и социјалното потекло,
политичкото и верско уверување, имотната и општествена положба со што е
запазено Начелото на еднаквост на граѓаните пред Уставот и законите. Оттаму
судот оценил дека неможе основано да се постави прашањето за согласност на
оспорениот член 3 од Законот за амнестија со членот 9 од Уставот како што се
наведувало во иницијативата.
Заклучоци
Како прво, заклучок е дека Одлуката на судот е правно издржана и солидно образложена. Уставниот суд согласно член 109 од Уставот на РСМ го сочинуваат 9 судии. Одлуката е донесена ако за неа гласаат мнозинство од судиите што е во согласност со Деловникот за работа на Уставниот суд. Судиите кои гласале против одлуката имаат можност според Деловникот да го издвојат своето мислење и јавно да го објават. Во конкретниот случај оваа Одлука е донесена со мнозинство гласови што значи не е едногласно донесена односно некој од судиите гласале против. Очигледно е дека тие судии имале одредени дилеми зашто не ја подржале Одлуката, меѓутоа доколку го издвоеле своето мислење ќе можеше да се видат аргументите од кои причини биле против Одлуката, па оттаму ќе можеше и стручната јавност да се приклони кон подршка на Одлуката или на иницијативата. Оттаму би било добро Судиите кои гласале против да го издвоеле своето мислење, како би можеле да ги видиме нивните аргументи против одлуката. Меѓутоа за жал издвоеното мислење како институт ретко се користи од страна на Судиите во уставниот суд, а пратејќи ја нивната работа може да се заклучи дека воопшто од некои Судии не се користи.
Во конкретниот случај и покрај тоа што ја подржувам Одлуката, ако пошироко се толкува и се споредат одредбите од соодветната норматива, а пред се на Уставот кој ја регулира оваа материја и КЗ би можело да се проблематизира прашањето за согласноста на оспорениот член со Уставот. Во конкретниот случај не е спорно дека согласно член 9 од Уставот граѓаните се еднакви во слободите и правата. Исто така не е спорно дека Собрането на СРМ согласно член 68 став 1 алинеја 18 дава амнестија . Меѓутоа прашањето е дали кога законодавецот се одлучил да даде Амнестија во форма на Закон да прави разлика меѓу осудените лица со оглед на сторените кривини дела, и дали со тоа прави дискриминација.
Во образложението на пресудата нема одговор-образложение на барањето на подносителот на седницата за одржување на јавна седница, оттаму иако јавна седница судот согласно член 33 став 3 од Деловникот може да закаже и одржи откако судот ќе поведе постапка, генерална оценка е дека Уставниот суд многу ретко, ако не во последно време и воопшто не посегнува по овој институт нит пак се користи институтот подготвителна постапка.
За одбележување е фактот што Судот при одлучувањето водел сметка за причините и целите што законодавецот ги имал при донесувањето на Законот за амнестија, меѓутоа сметам дека ваквите околности се во рамките на политичко-општестевни, економски и други потреби на законодавецот што не се небитни но за Судот е многу поважна правно-нормативната анализа и содржина и усогласеноста на норативните акти што во конкретниот случај Судот во задоволително ниво ги почитувал и опсервирал, при што ја почитувал и судската практика како извор на правото.
Правното прашање во конкретниов случај е дали законодавецот кога се одлучил да даде Амнестија и притоа го сторил селективно према осудените лица постапил спротивно на член 9 од Уставот и притоа ги довел во нерамноправна положба осудените лица од причини што во Уставот непостои уставно ограничување. Меѓутоа апсолутно држи тезата на судот дека Уставот неправи разграничување на кои граѓани-осудени лица законодавецот ќе даде Амнестија, но факт е дека Уставот пак од друга страна не му забранува на законодавецот да исклучува одредена категорија на одредени-осудени лица. Ваквата теза сметам дека е издржана и сосема доволно образложена,
На крајот сакам да го искажам мојот став или мислење по однос на тезата дека судските одлуки се спроведуваат и не се коментираат. Мојот став е дека може и треба да се има став, коментар или критика на Одлуките на судовите било тоа да позитивни или негативни, но секогаш тоа треба да биде аргументирано, стручно и поткрепено со факти и се разбира дадено од стручната фела, а не од оние кои што треба да ги извршуваат овие Одлуки. Само на тој начин ќе може да се влијае врз подобрувањето, унапредувањето, развојот, ефикасноста и ефективноста на судскиот систем.
