Признавање на сопственост на имот стекнат во вонбрачна заедница
28.09.2022
Објаснување на проблемот
Во предметот бр. станува збор за признавање на право на сопственост односно на заеднички имот стекнат во вон брачна заедница која прераснува во брачна заедница, која по неколку години престанува да постои поради развод на бракот. Самата постапка за утврдување на сопственост траела 9 години со употреба на сите правни средства кои се овозможени со нашето законодавство
Тужителката Б.К билa подолго време во вон брачна заедница во кој период со партнерот подоцна сопруг купиле стан кој е запишан на име на партнерот односно сопругот По разводот на бракот, сопругот и ја спори сопственоста на станот и таа поднесува тужба за да и формално правно ja заштити и запише на свое име својата сопственост, во Регистарот на недвижности, врз основа на тоа што станот е купен од стана на двајцата партнери подоцна сопружници и таа има законито право на 1/2 сопственост.
Станот е купен со паричните средства од подигнатиот кредит на име на партнерот подоцна сопругот како и со парични средства дадени од родителите на двајцата партнери, a волјата за купување на станот е за двајцата партнери да основаат семејство што подоцна и го сториле тоа. И покрај тоа што како купувач на станот се јавува само едниот партнер, никогаш не било спорно придонесувањето на тужителката со оглед да таа целосно се посветува на реновирање на станот па дури и ја напушта својата работа во интерес на побрзо и квалитетно довршување на градежните работи во станот кои таа ги покрива од сопствени средства. Заедничкото живеење тие го продолжуваат во станот, по што склучуваат брак и основаат семејство во кое се раѓаат две деца. Владението на станот како елемент на сопственоста таа го има за цело време се до оспорувањето од страна на бившиот сопружник.
Постапка пред судовите за заштита на сопственоста
Со првата одлука на Основниот суд Скопје 2 Скопје 4.П3-47/11 од 15.07.2014 год. било уважено тужбеното барање на тужителката за станот како заеднички стекнат имот, бидејќи одлуката за купување на станот на кредит и ангажирањето од нејзина страна, ја одразувала нивната заедничка волја за заедничка сопственост на станот. Паричните средства од родителите на странките судот ги сметал за помош при решавање на нивното станбено прашање. За ваквата одлука судот се повикува на чл.67 од Законот за сопственост и други стварни права каде е нормирано дека имотот стекнат во текот на бракот преставува заеднички имот, како и на чл,69 ст.2 од истиот Закон каде е предвидено дека запишувањето на имотот во јавните книги само на еден од брачните другари, се смета дека уписот е извршен на име на двајцата.
Апелациониот суд Скопје со решение ГЖ бр.3354/15 од 29.092016 год. ја укинал таа одлука и предметот го вратил на повторно судење за да се утврди кога е купен станот и дали покрај кредитот се потрошени и други средства за учество. Потоа каква била намерата на родителите на странките во поглед на дадените – префрлените пари и воопшто кои биле вложувањата на странките во задоволување на секојдневните потреби во вонбрачната и брачната заедница до разводот на бракот. Судот не ја земал во предвид волјата на странките за купување на станот ниту пак побарал изведување на докази во таа насока, и покрај тоа што тужителката барала формално правно да се запише сопственоста на станот и на неа, а тужениот никогаш не барал со тужба да се утврди дека тој е исклучив сопственик на целиот стан.
Во повторената постапка Основниот суд Скопје 2 со пресуда 4с.П.бр.59/16 од 11.07.2018 год. утврдува дека врската вонбрачната заедница помеѓу странките започнала уште во 1993 година и иако имале намера долгогодишната вонбрачна заедница да ја претворат во брачна, судот прифаќа дека тужениот изразил желба да си купи сопствен стан иако во тој момент веќе бил верен со тужителката. Судот не го разработувал прашањето за заедничката волја за купување на станот иако извел докази од кои можело да се утврди заедничка волја и владение на предметниот стан, која датира во текот на вонбрачното, а покасно и брачното живеење. Судот утврдил дека предметниот стан е купен и предаден во владение само на тужениот пред да стапи во брак со тужителката, иако фактички и таа го добила и имала владението на станот од самиот почеток имајќи предвид дека заедно се вселиле и започнале да го реновираат и уредуваат по нивна желба. Судот не го зема во предвид фактот дека вонбрачната заедница е изедначена со брачната заедница, и волјата на двајцата била за заедничка сопственост на станот, за што помогнале и нејзините родители.
Апелациониот суд Скопје со пресуда ГЖ. бр. 5525/18 од 11.03.2020 год. ја преиначил одлуката и го уважил барањето на тужителката со оцена дека станот е купен за двајцата и не преставува посебен имот на тужениот, земајќи ги во предвид доказите предложени од двете страни и применувајќи го погоре споменатиот закон.
Врховниот суд на Република Северна Македонија, со решение Рев.2 бр.419/2020 од 23.03.2021 ја укинал таа пресуда и го вратил предметот на повторно судење на Апелациониот суд поради нејасни причини во поглед на намерата и волјата за купување на станот.
Апелациониот суд со пресуда ГЖ.бр.1532/21 од 23.09.2021 по одржана јавна расправа и по изведувањето и оценувањето на сите докази предложени од странките повторно ја преиначил првостепената пресуда и го уважил тужбеното барање утврдувајќи подолго времена волја и намера за купување на стан кај странките. Судот утврдува дека станот кој е купен за време на вонбрачната заедница, непосредно пред склучувањето на бракот, со волја и намера за нив двајца, преставува заеднички имот, без оглед кој го земал кредитот и кој го отплаќал. Финансиската поддршка од родителите ја смета за помош при градењето на идниот брачен и семеен живот. Уписот во Регистарот на недвижности само на едниот партнер го смета без значење, со оглед на одредбата од чл.69 ст.2 од Законот за сопственост и други стварни права кој предвидува дека таквиот упис се смета за упис на име на двајцата. Од доказите прифатил дека тужениот со ниту едно дејствие не покажал дека купува стан само за себе во текот на вонбрачната заедница која во континуитет преминува во брачна, непосредно пред купувањето на станот, што согласно чл.81 од наведениот Закон, станот преставува заеднички имот на вонбрачните другари. При одлучувањето ја имал во предвид и одредбата од чл.13 од Законот за семејство според кој вонбрачната заедница е изедначена со брачната во поглед на издржувањето и имотот стекнат во таа заедница.
Врховниот суд на РСМ со пресуда Рев.2 бр589/2021 од 22.02.2022 ја уважил ревизијата и ја преиначил правосилната пресуда на Апелациониот суд Скопје, а ја потврдил пресудата на Основниот суд Скопје 2 Скопје П3бр.59/16 од 11.07.2018 год, во која нема анализа и оцена на одлучувачките докази. Врховниот суд прифатил дека предметниот стан го купил тужениот со помош на своите родители пред да стапи во брак со тужителката, со намера да преставува негова исклучива сопственост за што нема конкретен доказ. Тој ја зема само неговата волја за стекнување со посебен имот, каква волја имале и неговите родители, кои заедно со него направиле финансиски план, за што нема материјален доказ и обезбедиле средства за учество, по што тој подигнал кредит. При оваа разгледување на докази не ги земал во обѕир доказите кои ги доставила тужителката дека и таа со свои средства како и со средства од родителите учествувала во купување на станот. Не земајќи ги во предвид нејзините докази Врховниот суд арбитрарно изведува несоодветни заклучоци, сметајќи дека предметниот стан преставува посебен имот на тужениот, а од доказите на тужителката кои не се ценети ни од Врховниот суд произлегува дека се работи за заедничка сопственост, со што истиот арбитрарно постапил нарушувајќи го принципот на фер постапка
Со добивањето на пресудата од Врховниот суд на РСМ Рев 2 бр.589/2021 од 22.02.2022 година, со која е преиначена пресудата на Апелациониот суд Скопје ГЖ.бр.1532/21 од 23.09 2021 и потврдена пресудата на Основниот суд П3.бр.59/16 од 11.07.2018 год. исцрпени се сите домашни правни средства кои можат да влијаат на крајниот исход во националната постапка. и со тоа е направена и интервенција во сопственичкото право на тужителката.
Врховниот суд не го почитувал правото на правично судење, согласно чл.6 ст.1 од Европската конвенција за човекови права, бидејќи не ги оценил доказите на начин кој гарантира фер постапка. Иако соодветното разгледување на доказите е клучен и составен дел на една образложена одлука Врховниот суд пропуштил истите да ги разгледа и оцени кое нешто не го сторил ниту Основниот суд поради што се повредени гаранциите за правично судење во однос на тужителката, што е спротивно на постапката пред Апелациониот суд и неговата правосилна одлука. Имено, потврдената пресуда не се базира на оцена дека одлучувачките изведени докази се испитани од Основниот суд, во една контрадикторна постапка, прифаќајќи дека немало заедничка волја на странките во спорот за купување на станот, само врз основа на исказот на тужениот и неговата мајка, без да ги спротивстави тие докази со исказот на тужителката и нејзината мајка. Направениот превид од страна на Судот за оцена на предложените и изведени докази од страна на тужителката, без анализа и без аргументација зошто не се прифатени, за разлика од доказите на спротивната страна, од кои се прифаќаат и факти за кои нема материјален доказ повреден е принципот на еднаквост на оружјето на странките. Материјалните докази (банкарските дознаки од родителите на тужениот и подигнатиот кредит од негова страна како единствено кредитоспособен во тој момент) не го отсликува одлучувачкиот факт, а тоа е заедничката волја на двајцата вонбрачни другари за купување на заеднички стан. Испитувањето на прашања од фактичка природа според чл.8 од Законот за парнична постапка бара поединечно испитување на секој доказ посебно и сите заедно, па врз основа на резултатите на целокупната постапка се донесува одлуката.
Едностраниот и арбитрарен приод на Врховниот суд во овој случај предизвика нарушување на принципот на контрадикторност во постапката како и нарушување на принципот на еднаквост на оружјето, без да се примени и постигне потребната рамнотежа помеѓу странките.
Постои очигледна не кохерентност и недоследност во образложението кое не е засновано на противречни аргументи, што доведува до арбитрарност во одлучувањето. Обврска е на судот за примена на конзистентната национална судска пракса, која постои за вакви случаи, значи да се цени волјата на двајцата, а со одлуката на Врховниот суд се напушта истата. Не применувањето на конзистентната судска пракса, без образложение зошто истата се напушта повлекува повреда на чл.6 од Конвенцијата – правото на фер постапка (Атанасовски против Македонија, жалба бр.36815/03)
Според чл.81 ст.1 од Законот за сопственост и други стварни права имотот стекнат во вонбрачна заедница се смета за заеднички имот, како што и според чл.67 од истиот закон имотот стекнат во текот на бракот преставува нивен заеднички имот. Во чл,69 ст.2 од наведениот закон е регулирано, ако во јавните книги како сопственик е запишан само едниот брачен другар, ќе се смета дека уписот е извршен на име на двајцата брачни другари. Согласно чл.13 од Законот за семејство, вонбрачната и брачната заедница која траела најмалку една година, се изедначени по однос на правото на меѓусебно издржување и имотот стекнат за време на траење на таа заедница. Со цел да се сочува правниот субјективитет на овие лица, судската пракса изградила став дека е битна нивната заедничка волја за стекнување на заеднички имот, која преставува одлучувачки фактор во решавањето на овие спорови.
Со ваквата одлука Судот ја лишил тужителката од стекнатото право на сопственост, кое што според Законот за сопственост и други стварни права и воспоставената судска пракса, таа имала легитимно очекување дека е сопственик на дел од заедничкиот стан, на кој имала владение од почеток па се до раскинување на брачната заедница кога сопругот и го одзема клучот од станот. Поради интервенцијата направена со одлуката на Врховниот суд е повреден и чл.1 од Протоколот1 кон Европската конвенција за човекови права.
Заклучок
Судот арбитрарно го применил Законот за сопственост и други стварни права или поточно не го применил воопшто, не земајќи ја во предвид волјата на странките во време на купување на станот. Како што е погоре кажано со оглед на постоење на закон, тужителката има легитимно очекување на право на сопственост, кое право го остварувала подолго време (повеќе од 6 години), во кој период никој не и го спори истото. Законот е јасен и Врховниот суд истиот не го применува соодветно кога целото нејзино однесување за тој период не е земено во предвид, од аспект на нејзин придонес и волја која што во тој период не е ни оспорувана од страна на тужениот, ниту пак тој презема одредени активности точно да ја одреди целосната сопственост на него, иако по сила на закон самото евидентирање на сопственоста на негово име не е доволна. Самиот закон одредува дека, ако е имотот запишан на едно лице, тој имот е заедничка сопственост и на не запишаниот вонбрачен или брачен другар. Заради тоа постапувањето на Врховниот суд е незаконито во лишувањето на стекнатата сопственост на тужителката. Ваквата констатација е и резултат на веќе објаснетата и применетата нееднаквост на оружјето, не образложената, невоспоставена контрадикторност во постапката и не применувањето не само на законот туку и на обврската за примена на конзистентната судска пракса во делот на волјата при стекнување на сопственоста.