Пресметување на законскиот рок за жалба во ситуација кога обвинетиот кој се брани од слобода ја примил жалбата пред својот бранител
27.11.2023
Вовед
Со ова правно мислење се анализира Пресуда КЖ 924/21 од 08.06.2022 на Апелациониот Суд Скопје во делот со кој Жалбата на обвинетиот изјавена преку неговиот бранител поднесена на 16.07.2021 се отфрла као ненавремена. Пресудата на Апелациониот Суд се анализира од аспект на сметањето на законските рокови за поднесување на Жалба против Пресуда кога обвинетиот ја примил истата пред својот бранител.
Факти на случајот
Со Пресуда 6 Кбр. 707/19 од 15.12.2020 година на Основен кривичен суд Скопје обвинетиот се огласува за виновен за кривично дело кражба од чл. 235 став 1 од КЗ и на обвинетиот му се изрекува алтернативна мерка условна осуда со која му се утврдува казна затвор од 6 месеци и истовремено определува дека вака утврдената казана затвор нема да се изврши доколку обвинетиот во рок од две години сметано од правосилноста на пресудата не стори ново кривично дело. Во правната поука на првостепената пресуда е наведено дека против оваа пресуда дозволена е жалба во рок од 15 дена од приемот на истата преку овој суд до Апелциониот Суд Скопје. Незадоволен обвинетиот преку својот бранител против Пресудата поднел две жалби од кои една на 21.04.2021 и една на 16.07.2021. Со Пресуда КЖ 924/21 од 08.06.2022 на Апелациониот Суд Скопје жалбата на обвинетиот преку неговиот брнаител се одбива како неоснована и првостепената пресуда се потврдува, а жалбата поднесена на 16.07.2021 преку неговиот бранител со Решение се отфрла како ненавремена. Предмет на оваа анализа е делот на отфрлањето на жалбата поднесена на 16.07.2021.
Во образложението на Пресудата Апелациониот Суд истакнал дека согласно одредбите од членот 130 став 3 од Законот за кривична постапка ако обвинетиот има бранител обвинителниот акт, обвинителниот предлог, приватната тужба и сите одлуки од чие доставување тече рокот за жалба, како и жалбата на спротивната странка која се доставува заради одговор, ќе му се достават на барнителот и на обвинетиот според членот 127 од истиот Закон. Во тој случај рокот за изјавување на правен лек тече од денот на доставата на обвинетиот. Ако на обвинетиот му е изречена мерка притвор или е на издржување на казна затвор рокот почнува да тече од денот на доставата на бранителот.
Понатаму, Апелациониот Суд Скопје истакнува дека во конкретниот случај видно од списите на предметот обвинетиот, кој се бранел од слобода, превостепената пресуда уредно ја примил на 14.04.2021, видно од повратницата вратена до судот, што значи дека рокот за изјавување на жалба почнал да тече од 15.04.2021 година, а жалба против пресудата бранителот на обвинетиот поднел на 16.07.2021, односно по истекот на рокот за поднесување на жалба поради што истата е ненавремена. Односно, поднесената жалба поднесена од бранителот е вон законскиот рок.
ПРАВО
При донесување на Пресуда КЖ 924/21 од 08.06.2022 во делот во кој Жалбата на обвинетиот изјавена преку неговиот бранител поднесена на 16.07.2021 се отфрла као ненавремена Апелациониот Суд ги применил одредбите од член 130 став 3 и 462 од Законот за кривична постапка.
Согласно член 130 став 3 од Законот за кривична постапка кој се однесува на достава на обвинетиот: ‘’ Ако обвинетиот има бранител обвинителниот акт, обвинителниот предлог, приватната тужба и сите одлуки од чие доставување тече рокот за жалба, како и жалбата на противната странка која се доставува заради одговор, ќе му се достават и на бранителот и на обвинетиот, според членот 127 од овој закон. Во тој случај рокот за изјавување на правен лек, односно одговор на жалбата, тече од денот на доставата на обвинетиот. Ако на обвинетиот му е изречена мерката притвор или е на издржување на казна затвор, рокот тече од денот на доставата на бранителот.’’
Согласно член 432 од Законот за кривична постапка: ‘’ Жалбата ќе се отфрли со решение како ненавремена ако се утврди дека не е поднесена во законскиот рок.’’.
АНАЛИЗА НА ПРЕСУДАТА
Со Пресудата КЖ 924/21 од 08.06.2022, Апелациониот Суд Скопје воспоставува пракса дека доколку обвинетиот се брани од слобода дека законскиот рок за поднесување на жалба против првостепената пресуда која се доставува и до бранителот и до обвинетиот, законскиот рок за поднесување на жалба тече од денот на приемот пресудата од страна на обвинителот. Со други зборови доколку обвинетиот ја прими првостепената пресуда пред бранителот, како во овој случај, бранителот во име на обвинетиот има право да поднесе жалба од денот на приемот на пресудата од страна на обвинетиот, без разлика кога првостепената пресуда е примена фактички од бранителот.
Постапувајќи на ваков начин Апелациониот Суд навлегува во екстензивен формализам што негативно се одразува врз правото на обвинетиот на достапност до суд, право на ефикасен правен лек и воопшто се загрозува правната сигурност.
Најпрвин Апелациониот Суд го запоставил фактот дека во правната поука на првостепената пресуда е наведено дека против оваа пресуда дозволена е жалба во рок од 15 дена од приемот на истата. Никаде во правната поука не е наведено дека рокот е 15 дена од приемот од страна на обвинетиот, што значи дека самата првостепена пресуда му дава права на бранителот да ја поднесе жалба од денот на приемот без други временски ограничувања. Произлегува дека бранителот со првостепената пресуда како поединечен правен акт се стекнува со право да поднесе жалба во законски рок по прием на истата, но второстеоениот суд потоа при одлучувањето тоа право му го негира повикувајќи се на законски одредби. Со што се создава огромна конфузија и несигурност.
Од друга страна членот 430 став 1 од Законот за кривична постапка, што е lex specialis одредба во врска со правото на жалба и рок за поднесување гласи: ‘’ Против пресудата донесена во прв степен овластените лица можат да изјават жалба во рок од 15 дена од денот на доставувањето на преписот од пресудата’’. Додека пак Членот 48 став од истиот Закон гласи:’’ Бранителот е овластен во корист на обвинетиот да ги презема сите дејствија што може да ги преземе обвинетиот.’’. За жал посочените законки одредби не се применети во пресудата на Апелациониот Суд Скопје кој во целост ги заобиколил.
Согласно претходното со донесувањето на Пресуда КЖ 924/21 од 08.06.2022 на Апелациониот Суд Скопје во делот со кој Жалбата на обвинетиот изјавена преку неговиот бранител поднесена на 16.07.2021 се отфрла као ненавремена, се доведува сериозно во прашање правната сигурност на обвинетиот кој се брани од слобода, а ја примил првостепената пресуда пред неговиот бранител. Бидејќи без разлика кога неговиот бранител ја примил Пресудата рокот за жалба се пресметува од денот на приемот на пресудата од страна на обвинетиот. Од друга стана со таквата примена на Законот за кривична постапка се става непропорционален товар врз обвинетиот, а особено на неговиот однос и комуникација со неговиот бранител. На таков начин се повредува правото на одбрана бидејќи не се дава соодветно значење на улогата на бранителот во кривичната постапка и неговите права и обврски.