Мирјана Лазарова Трајковска
24.02.2020

Роденa
1963 во Струмица. Од 2017 работи какo меѓународен експерт за човекови права,
предавач на повеќе универзитети ширум Светот. Поранешен судија на Европскиот
суд за човековите права и Претседател на Првата секција во тој суд, Поранешен
судија на Уставниот суд, поранешен член на Европската комисија за демократија
преку правото на Советот на Европа (Венецијанската комисија). Експерт за избори
и изборно право и поранешен потпретседател на Европскиот совет за избори. Магистрирала
и докторирала на Правниот факултет во Љубљана. Автор е на бројни научни и
стручни трудови објавени во земјата и странство.
