Маргарита Цаца Николовска
05.02.2020

Маргарита Цаца Николовска е родена на 28 ноември 1950 година во Скопје.
Дипломирала на Правниот Факултет во Скопје 1975 година, како најдобар студент во генерација, а последователно работела како приправник во Регионалниот суд во Скопје. За судија во Окружниот суд во Скопје е именувана во 1978 година, а од 1987 год. е судија во Регионалниот суд во Скопје (подоцна преименуван во Апелационен суд), каде што работи претежно на граѓански случаи. Од 1997 до 1998 е судија во Врховен суд на Република Македонија (работи на управни случаи, но и на граѓански и кривични случаи. Во 1998 год. беше избрана за прв македонски судија во Европскиот суд за човекови права во Стразбур, Франција и таа функција ја извршуваше до 2008 год. Во 2011 год. е избрана за судија во Уставниот суд на Босна и Херцеговина, а во 2015 е назначена за потпретседател на судот.
Маргарита Цаца Николовска е член на основачкиот одбор на Македонското Здружение на судии и претседател на неговиот комитетот за меѓународни односи. Во периодот од 1995 до 2006 е претставник на Македонското Здружение на судии во Европското и Меѓународното Здружение на судии.
Во 1994 год. била претседател на Комисијата за парламентарни избори. Маргарита Цаца Николовска е еден од основачите на Институтот за човекови права и негов претседател.
Од страна на Американскиот биографски институт од Ралеи, САД е избрана за жена на годината за 2000 година.