М-р Велимир Деловски
06.05.2019

Дипломиран правник на Правниот факултет „Јустинијан Први“, со завршени
постдипломски (LL.M.) студии во областа на човековите права на
Европскиот универзитет Виадрина, Германија и на Универзитетот Queen Mary во Лондон. Стажирал
во Собранието, Европскиот центар за малцински прашања во Фленсбург и во
Секретаријатот на Поткомитетот за превенција на тортурата при канцеларијата на
Високиот комесар на ООН за човекови права во Женева. Работел како Правник-асистент
во Регистарот на Европскиот суд за човекови права, Помлад соработник во Бирото
на Владиниот агент за застапување на РМ пред ЕСЧП и Правен советник и Проектен
координатор во Хелсиншкиот комитет за човекови права. Има одржано поголем број
обуки во организација на Академијата за судии и јавни обвинители и е национален
координатор на ХЕЛП програмата на Советот на Европа за едукација на правните
професионалци. Консултант во повеќе проекти спроведени од AIRE Центар Лондон, кои имаа за цел
унапредување на имплементацијата на Европската конвенција за човекови права.
Моментално ангажиран како Правен консултант на Врховниот суд за судската пракса
на ЕСЧП во рамките на проект кој е имплементиран од Центарот за правни
истражувања и анализи (ЦПИА) и поддржан од Британската амбасада во Скопје.
