д-р Милица Шутова
08.05.2020

Доц. д-р Милица Шутова од 2017 година е доцент на Правниот
факултет при Универзитетот Гоце Делчев во Штип на Катедрата по граѓанско право. Од 2008-2012
била избрана за демонстратор на Катедрата по граѓанско право на Правниот
факултет „Јустинијан Први“, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ –Скопје а во
периодот од 2012-2016 година била избрана за асистент на Факултетот за правни
науки на ФОН Универзитетот во Скопје на катедрата по граѓанско право. Има
објавено учебно помагало и повеќе брошури
и над 50 научни и стручни трудови од областа на граѓанското право и правото од
интелектуална сопственост. Учествувала
на неколку научно-истражувачки и апликативни проекти, како и на повеќе од 50
научни конференции. Шутова била предавач на повеќе семинира од областа на граѓанското
право. Од 2018 година е Национален тутор на HELP програмата на Советот на
Европа. Учествувала во работната група на измена на Законот за управните
спорови.
