Благоја Пандовски
12.09.2023

Дипломирал на Правниот факултет Јустинијан Први -
Скопје во 2004. Во 2007 година го положува правосудниот испит а работи како
адвокат од 2009 година. Има завршено мастер студии по право на интелектуална
сопственост во програма на двојна диплома помеѓу Правниот факултет во Скопје и
Универзитетот во Стразбур. Има долгогодишно искуство во застапување пред
националните судови во Македонија, како и пред судот за заштита на Човековите
права во Стразбур. Поседува искуство во одржување на обуки за млади правни
професионалци во областа на владеење на правото и човекови права. Активен член
и соработник во невладини организации кои работат во областа на на правото и
транспарентноста и борба против корупција. Има поголем број на публикации во стручни
списанија како и авторски и коавторски анализи од областа на правото и владеење
на правото.
