Анализа за право на ревизија за спорови од мала вредност
Анализа на судија Маргарита Цаца Николовска на пресудите на Решение Рев1.бр.249/2016 од 26.10.2017 година на Врховниот суд на Република Северна Македонија.
ФАКТИЧКА СОСТОЈБА
Тужениот КОДИ ДОО Скопје е приватно право лице кое основано во 1999 година во Скопје кое на 27.12.2002 година има потпишано два договори, Договор за продажба на деловен простор со тужителот Градски Трговски Центар Акционерско друштво за издавање на деловен простор под закуп-Скопје (ГТЦ АД Скопје) со што се стекнал со сопственост на реален дел од деловен простор и Договор за продажба на деловен простор со Градски Трговски Центар Акционерско друштво за издавање на деловен простор под закуп-Скопје со што се стекнал со сопственост на реален дел од деловен простор. Во двата договори е предвидено дека наведено дека со склучување на договорите, продавачот и купувачот изричито се согласни суштествен елемент на договорите да претставува обврската на купувачот да склучи и посебен договор за уредување на односите за користење и одржување на заедничките делови и функции на Градскиот Трговски Центар со Акционерското друштво а согласно Правилата за користење и одржување на заедничките делови и функции на Градскиот трговски центар АД Скопје. Тужениот никогаш нема потпишано таков посебен договор за ниту еден од двата деловни простори.
На 21.05.2012
година, тужителот ГТЦ
АД Скопје до надлежен нотар има поднесено Предлог за донесување на решение со
кое се дозволува извршување врз основа на веродостојна изјава УПДР бр. 1898/12
за пристигнато парично побарување во износ од 282.772,50 денари врз основ на
веродостојна исправа за користење и
одржување на заедничките делови и функции на Градскиот Трговски Центар со
Акционерското друштво. Врз
основа на предлогот, надлежниот нотар на 21.06.2012 година има донесено Решение за дозвола за извршување врз основа
на веродостојна исправа УПДР бр. 1898/12 против кое тужениот поднел навремен приговор поради тоа што не е во деловни односи со тужителот и бидејќи тужителот не вршел услуги односно одржување на заеднички делови каде се наоѓаат
деловните простори кои се во сопственост на тужениот, како што било наведено во фактурите.
Надлежниот
нотар го доставил предметот до Основниот суд Скопје 2 Скопје кој на 08.07.2014
година донел Пресуда 13 ПЛ1-2188/12 со која приговорот на тужениот бил усвоен и Решение за дозвола за
извршување врз основа на веродостојна исправа УПДР бр. 1898/12 се укинува и
тужбеното барање на ГТЦ АД Скопје како тужител било одбиено како неосновано.
Против
Пресуда 13 ПЛ1-2188/12 од 08.07.2014 година на Основниот суд Скопје 2,
тужителот ГТЦ АД Скопје поднел жалба до Апелацискиот суд Скопје. Апелацискиот
суд Скопје постапувајќи по жалбата и одговорот на жалбата , на 24.03.2016
година донел Пресуда ТСЖ-2973/14 (Прилог 10) со која жалбата на тужителот ГТЦ АД Скопје
ја усвоил и ја преиначил Пресуда 13 ПЛ1-2188/12 од 08.07.2014 година на
Основниот суд Скопје 2 на начин на кој Приговорот на тужениот го одбил
како неоснован а Решението за дозвола за извршување врз основа на веродостојна
исправа УПДР бр. 1898/12 го оставил во сила.
Тужениот против Пресудата ТСЖ-2973/14 од
24.03.2016 година, на 17.05.2016 година поднел навремен вонреден правен лек
Ревизија до Врховниот суд на Република Македонија(Прилог 11) врз основа на
членот 372 став 3 точка 6 од Законот за парничната постапка (СВРМ 79/2005,
110/2008, 83/2009, 116/2010, 124/2015). Со изјавената Ревизија против Пресудата
ТСЖ-2973/14 од 24.03.2016 година, тужениот барал Врховниот суд на Република
Македонија Ревизијата изјавена од тужениот да ја усвои, Пресудата ТСЖ-2973/14
од 24.03.2016 година да ја укине и преиначи на начин што ќе ја потврди
Пресудата 13 ПЛ1-2188/12 од 08.07.2014 година на Основниот суд Скопје 2 односно
Ревизијата да ја усвои и Пресудата ТСЖ-2973/14 од 24.03.2016 година да ја укине
и предмето да го врати на повторно одлучување пред второстепениот суд и да го
задолжи тужителот ГТЦ АД Скопје да ги плати судските трошоци и наградата на
полномошникот.
Врховниот суд
на Република Македонија постапувајќи по изјавената Ревизија на тужениот, на
26.10.2017 година донел Решение Рев1.бр.249/2016 со кое ја Ревизијата на тужениот ја отфрлил
како недозволена. Во образложението на Решение Рев1.бр.249/2016 од 26.10.2017 година, Врховниот
суд на Република Македонија навел дека во конкретниот случај предмет на спорот
е долг во износ од 282.772,00 денари односно парично побарување кое не го
надминува износот од 300.000,00 денари во смисла на членот 473 став 1 од
Законот за парничната постапка „Во постапката во стопанските спорови, спорови
од мала вредност се спорови во кои тужбеното барање се однесува на побарување
во пари што не го надминува износот од 600.000 денари.“. Од тие причини со
оглед дека станува збор за спор од мала вредност а во смисла на членот 438 став
4 од истиот закон во споровите од мала вредност не е дозволена ревизија
следуваше дека ревизијата на тужениот да се отфрли како недозволена. Според Врховниот суд
на Република Македонија, поаѓајќи од содржината на наведените одредби од
Законот за парничната постапка а при утврден факт дека во конкретниот случај се
работи за спор од мала вредност неспорно произлегува дека ревизијата е
недозволена и не наоѓа примена членот 372 став 3 точка 6 од Законот за
парничната постапказатоа што во главата Постапка во стопански спорови и
Постапка во спорови од мала вредност постојат посебни одредби во однос на
правото на изјавување на ревизија.
Решение
Рев1.бр.249/2016 од 26.10.2017 година, Врховниот суд на Република Македонија е
доставено до тужениот на 12.01.2018 година.
ПРАВО
Законот за парничната постапка во членот 372
се предвидуваат условите под кои може да се изјави ревизија како вонреден
правен лек против правосилна пресуда. Во ставот 2 на членот 372 од ЗПП е
предвиден општиот услов за ревизија кој утврдува дека “Странките можат да изјават
ревизија против второстепена пресуда, ако вредноста на предметот на спорот на
побиваниот дел на пресудата надминува 1.000.000 денари.”Освен
општиот услов Законот за парничната постапка во ставот 3 и ставот 4 предвидува
посебни услови согласно кои по исклучок на општиот услов секогаш е дозволена
ревизија. Имено во ставот 3 од членот 372 од ЗПП е предвидено дека “По исклучок од ставот (2)
на овој член, без оглед на вредноста на спорот, ревизијата секогаш е дозволена:
1) во спорови
за издршка;
2) во спорови за надоместок на штета за загубена издршка поради смрт на
давателот на издршката;
3) во спорови од работните односи по повод престанок на работен однос;
4) во спорови за заштита на авторско право освен за паричните побарувања
по тој основ;
5) во спорови што се однесуваат на заштита и употреба на пронајдоци и
технички унапредувања, мостри, модели и жигови и на правото на употреба на
фирма или назив, како и во спорови од нелојален натпревар и монополистички
однесувања освен за паричните побарувања по тие основи и
6) во спорови во кои во постапка по жалба второстепениот суд ја преиначил
првостепената пресуда.
Во
ставот 4 од членот 372 од ЗПП се предвидува дека “Ревизијата по исклучок е
дозволена и против второстепена пресуда против која не може да се изјави
ревизија според ставот (2) од овој член, ако второстепениот суд во изреката на
пресудата што ја донел, тоа го дозволил. Второстепениот суд може да дозволи
ревизија со конкретизирање на опфатот на правното прашање кое би се покренало
пред Врховниот суд на Република Македонија, ако оцени дека одлуката во спорот
зависи од решавање на некое материјално-правно или процесно-правно прашање
важно за обезбедување на единствена примена на законот и воедначување на
судската практика. Во образложението на пресудата второстепениот суд е должен
да наведе заради кое правно прашање ја дозволил ревизијата и да ги наведе
одлуките кои укажуваат на невоедначена примена на законот, како и да ги
образложи причините поради кои смета дека ова е важно за обезбедување на
единствена примена на закон и воедначување на судската практика.”
Но
и покрај тоа што со членот 372 во ставовите 2, 3 и 4 се предвидуваат условите
за користење на вонредниот правен лек ревизија, во ставот 5 од истиот член
јасно се дефинирани ограничувањата без оглед на видот и вредноста на спорот
кога изрично ревизијата не е дозволена. Имено ставот 5 од членот 372 од ЗПП
предвидува дека “Одредбите од ставовите (2) и (4) на овој член не се
применуваат во оние спорови за кои со овој или со друг закон изрично е одредено
дека за нив ревизија не е дозволена.”
ПРАВНО МИСЛЕЊЕ
Врховниот суд на РМ кога ја донел одлуката за отфрлање на
ревизијата имал во предвид само одредени членови од Законот за парнична
постапка ЗПП а тоа се тие кои се однесуваат за споровите од мала вредност
особено член 438 став 4 од ЗПП. Согласно овој член предвидено е дека ревизијата
не е дозволена против правосилна одлука на второстепениот суд. Законодавецот во
ЗПП, во овој член не прави разлика дали второстепениот суд ја потврдил
првостепената одлука или истата ја преправил (преиначил). Ваквата неодреденост
ја дава можноста за поинакво правно размислување од она што го има Врховниот
суд и тоа во две насоки.
Првата насока ќе треба да го третира прашањето на флексибилно
и широко толкување на одредбите од ЗПП со цел да се избегне ексцесивниот
формализам а со тоа да се имаат предвид сите одредби од ЗПП кои што би можеле
да се применат на ова правно прашање.
Втората насока е овозможување на примена на веќе постојниот
стандард „право на жалба“, без разлика како се именува тој правен лек а кој
овозможува разгледување на наводи меѓу другото кои не биле и не можеле да бидат
предмет на разгледување кога станува збор за преиначена одлука.
Потребно е да се напомене дека ЗПП го употребува поимот општа
парнична постапка што значи дека постојат и посебни парнични постапки што е
факт и веднаш се поставува прашање дали општите правила не дозволуваат нивна
примена над посебните и кое постапување е правилно. Општо прифатено мислење е
дека примена на посебните правила не можат да ги елиминираат секогаш општите
правила, посебните правила потребно е да се инкорпорираат во општите или да не
бидат спротивни на истите.
Член 372 став 2 и став 3 точка 6 од ЗПП кој воопшто не е
коментиран од страна на Врховниот суд во својата одлука предвидува дека
ревизија против второстепена одлука може да се изјави ако вредноста на спорот
надминува 1 милион денари, но по исклучок од овој член предвидува без оглед на
вредноста на спорот ревизијата да е секогаш дозволена во спорови во кои
постапката по жалба второстепениот суд ја преиначил првостепената одлука.
Законодавецот дал можност ревизијата како правен лек да се изјави во услови
кога вредноста на спорот не е релевантен услов со услов со второстепената
пресуда да се преиначи првостепената пресуда, а во конкретниот случај овие
услови се исполнети и затоа ревизијата треба да се дозволи. Очигледно дека
законодавецот во членот 438 став 4 не се занимавал со прашањето на кој начин
вторoстепениот суд ја третирал првостепената одлука (потврдил или преиначил).
Доколку одлуката е потврдена, странките има основа ревизијата да се третира
како недозволена што не е случај и со преиначување на првостепената одлука од
причини што законодавецот одредил можност против таква одлука да се изјави
ревизија.
Со ваквиот пристап се овозможува на незадоволната странка од
преиначената одлука за прв пат истата да вложи правен лек на таа одлука, а и да
се даде можност повисокиот суд да ги оцени нејзините „жалбени“ наводи.
Поставеноста на членовите 372 став 3 точка 6 и член 438 став
4 создава можност за различно размислување и за да се избегне конфузијата од такви
размислувања, може да се размислува за појасна одреденост на членот 438 став 4
така што ќе се направи разлика во пристапот на потврдена, наспроти преиначена
одлука во споровите од мала вредност.
