Анализа на случајот „Ореше“
Анализа на случајот Ореше на адвокат Ѕвонко Давидовиќ.
Истрага, притвор и основано сомневање
На ден 4-11-2008 година Основно јавно
обвинителство Велес поднело барање до Истражниот судија на Основниот суд Велес за
спроведување на истрага со предлог за определување
на мерка притвор против Ѓоре Петровски, Љупчо Ѓеорѓиевски и Ордан Ѓеорѓиевси а
поради постоење на основано сомневање дека првоосомничениот сторил кривично
дело Убиство од чл 123 ст. 2 т. 5 в.в. член 23 ст.1 а второ и третоосомничените
сториле кривично дело Убиство од чл. 123 ст. 2 т. 5 в.в.со член 22 од
КЗ.
Притворот е определен поради постоење на
основите предвидени во член 199 ст. 1 т. 1, 2 и 3 од ЗКП и истиот како мерка против
обвинетите бил определен од 4-11-2008 година.
Истрагата е спроведена за настан кој се случил
на ден 2-12-2005 година во село Ореше општина Ч ашка околу 20,45 кога Љупчо и Ордан
Ѓорѓиевски по нарачка го лишиле од живот Лазо Милошевски на што со умисла ги потикнал Ѓоре
Петровски , поради нетрпеливост и омразата кои ги чуствувал спрема покојниот
сметајќи дека истиот во 1995 година пукал со огнено оружје во него сакајќи да го убие,
стапил во контакт со Љупчо и Ордан и на истите им ветил паричен надомест за да го лишат од
живот сега покојниот, а Љупчо и Ордан на ден 2-12-2005 година носејќи со себе автоматска
пушка со кал. 7,62 мм со патнички автомобил Лада Нива дошле од Скопје во с. Папрадиште
како да ќе одат на лов заедно со други ловџии, па вечерта отишле во с. Ореше и
околу 20,00 часот влегле во
дворното место на Кољо Вељановски од каде има добра прегледност кон
куќата на покојниот па Ордан внимавал да не наиде некој
кој би ги забележал , додека Љупчо на одалеченост од околу 35 метри од куќата на покојниот испукал два
куршуми од кој едниот завршил во фасадата на куќата а другот во телото на покојниот во
десното рамо како резултат на што настанале телесни оштетувања кои предизвикале
трауматски шок кој довел до пореметување и престанок на важност на витални органи
поради што настапила смрт на покојниот, а во периодот по лишувањето од живот на
покојниот Ѓоре Петровски преку Агенција за трансфер на пари Вестерн унион на Ордан му
пратил паричен износ од 3.200 американски долари и тоа на ден 24-04-2006 година износ од
900 долари, на 27-04-2007 година износ од 1.200 долари, на 10-03-2008 година
износ од 500 долари и на ден 30-04-2008 година износ од 600 долари.
Обвинителен акт, приговор и докази
Обвинителниот акт
КО бр.581/08 на Основното јавно обвинителство Велес е подигнато на ден
14.01.2009 година, а диспозитивот на обвинителниот акт е ист со барањето за
спроведување на истрага, цитирано погоре. Првичниот текст на обвинителниот акт
во диспозитивот содржеше трврдење дека првообвинетиот им ветил на второ и трето
обвинетите награда во износ од 50,000.00 американски долари, но овој износ
претрпе промена и обвинителството го намали паушално без никакви докази, на
иснос од 20,000.00 уса . Квалификацијата на стореното кривично дело останала
иста како и во барањето односно решението за спроведување на истрага.
Со обвинителниот акт се предложени повеќе
материјални и вербални докази и тоа 21 сведок, еден заштитен сведок,
невропсихијатиско вештачење за сите обвинети како и за заштитениот сведок,
вештачење на барутни честички, вештачење на траги најдени на лице место, траги
од стапалки најдени на лице место, вештачење на метален предмет-рамка за
муниција, полиграфско вештачење, преглед на финансиски трансакции преку western union, од Горе Петровски кон лица во Македонија,
барања од банки за финансиски трансакции од Горе Пертовски, барања домобилните
оператори за комуникација помеѓу обвинетите, записник за реконструкција на
настанот, книги на црковниот одбор од црквата Св.Богородица Пречиста с. Ореше,
како и други докази за претрес на дом и лица или барања на известувања кои и не
се битни за постапката и не докажуваа
ништо.
Битно за предметот е да се наведат уште два
факта и тоа: пред истражната постапка и обезбедување на дел од доказите кој го
водела УБК, која нема такви ингеренции ифактот дека Ѓоре Петровски во мигот на водењето на
истрагата, и подигањето на обвинението се наоѓал во САД , од каде е побарана и
негова екстрадиција, а на што посебно ќе се осврнеме понатаму.
Пресуди:
Во
текот на постапката која траеше 10 години, донесени се 5 (пет) пресуди, од кои
3 (три) осудителни , при што на сите обвинети им се изречени казни во траење од
12 години, а во една пресуда на првообвинетиот 13 години а на второ и трето
обвинетите во траење од 10 години. Пресудите ги носат броевите К.бр. 38/09 од
26.10.2009 година (осудителна, изречена казна затвор во траење од по 12
години), пресуда К.бр.205/10 од 17.11.2010 година ( осудителна, изречена казна
затвот од по 12 години), пресуда К.бр.204/12 од 29.03.2015 година (
ослободителна ), пресуда К.бр. 556/13 од 20.02.2015 година (осудителна,
изречена казна на првообвинетиот 13 години а на второ и трето обвинетите од по
1о години ) и пресуда К.бр. 129/16 од 01.11.2017 година ( ослободителна). Последната
пресуда е правосилна на ден 04.10.2018 година и со неа постапката конечно
заврши, бидејќи вонредни правни лекови немаше изјавено од ниту една странка во
постапката.
Анализа
на докази:
Очевидец на настанот немало а сите
предложени сведоци се сведоци за небитни факти односно истите не ја докажуваат
вината на обвинетите, ниту ги сместуваат на место и во време опишани во
обвинителниот акт. Неспорно е дека се работи за убиство и истото произлегува од
записникот за увид на лице место на Основен суд Велес Ид.бр. 102/2005 од
03.12.2005 година, како и од секциониот протокол на Институтит на судска
медицина и криминалистичка деонтологија-Скопје, во кој е утврдено дека смрта на покојниот Лазар Милошевски е насилна и
настанала заради трауматски шок, од огнострелна повреда предизвикана од
делување на проектил испукан од огнострелно оружје. Од вештачењето на МВР
ОКТИВ-Скопје и анализа на траги од биолошко потекло, е утврдено дека
доставените две чаури, пронајдени во дворот на Кољо Вељановски , потекнуаат од
боева муниција, 7,62 х 39 мм, од југословенско производство со ознаки ИК 1981,
наменети за автоматски пушки АК-47-калашников и за нејзините верзии
југословенска Ц застава М70АБ и кинеска тип 56. Со вештачењето е утврдено дека
двете чаури, се испалени од ист примерок на огнено оружје кое не е пронајдено. Од пронајдените траги на обувки
во дворното место на Кољо Вељановски, утврдено е дека пронајдените траги од
четири вида на обувки потекнуваат од гумените чизми и патики на Кољо
Вељановски, како и од трагите на чизмите на неговиот син и од чизмите на работникот
кој предходниот ден им помагал за утовар на дрва. Од вештачењето на метален
предмет и записникот за пронајдени траги и предмети е утврдено дека еден км
пред Ореше од левата тсрана во провалија е најдена рамка од автоматска пушка
без куршуми и корододирана а за која се утврди дека претставува рамка за
куршуми ид огнено оружје со калибар 7,62х39 мм а која одговара на југословенска
автоматска пушка, црвена застава М70, но може и да ја користат и сите модели на
калашников како и сите автоматски и полуавтоматски пушки од наведениот калибар.
Од пргледот на трансакции се утврди дека Ѓоре Петровски во периодот од 1997
година па до 2008 година извршил 38 трансакции на 18 луѓе а на Ордан
Георгиевски му исплатил износ од 3.200 уса . Од црковните книги како и од исказите
на сведоците, членови на црковниот одбор е утрврдено дека на два пати се
ставени по 500 долари на икона во црквата, од страна на Ордан како донација на
Ѓоре Пертровски за градба на кујна во манастирот. Од исказот на сведоке утврдено е дека остатокот
од парите кој ги примил Ордан се употребени за полагање на детективски испит на
роднина на Ѓоре Петровски. Од наодот и мислењата на невропсихијатарот се
утврдени структурата на личноста на обвинетите, дека истите не боледуваат од
трајна или привремена душевна болест и дека можат нпормално да расудуваат и
управуваат со своите постапки. Од вештачењето на биолошки траги влакно најдено
на лице место е утврдено дека истото е од животински потекло а од двата опушока најдени на лице место е
утврдено дека ДНК најдена на истите е од женска особа со 0 крвна група, додека
обвинетите имаат А квна група. Од фолиите за барутни честички се утврдува дека
второ и трето обвинетите немаат присуство на барутни честички на рацете ниту на
облеката .
Заштитениот сведок во својот прв исказ пред
истражниот судија, кога е донесено решение за негово сослушување со прикривање
на идентитет, наведува дека слушнал, му кажале, се зборело низ село дека второ
и трето обвинетите а по нарачка на прво обвинетиот го лишиле од живот покојниот,
но не е наведено ниту едно име на сведок кој би го потврдил ова а во целиот
исказ, заштитениот сведок не кажува за ниту еден факт кој самиот го осознал,
туку посредно прераскажува по озборување и гласини. Овој исказ, заштитениот
сведок, уште два пати го потврдува на главен претрес пред судот, кога истиот е
сослушан со прикривање на неговиот идентитет, односно лик и глас. На ден
05.02.2013 година, на главен претрес сослушан е Златко Арсовски, кој навел дека
дал исказ за кривично правниот настан како загрозен сведок, под псевдоним
Бреза, наведувајќи дека сите негови предходни изјави не се вистините и дека
истите ги дал под притисок и закана на инспектори од МВР и Вељо Арсовски, и
објаснува дека за настанот апсолутно ништо не знае. Со вака утврдена фактичка
сотојба судот донесе ослободителна пресуда, истакнувајќи дка не постојат докази
од кои несомнено би се утврело дека обвинетите на било кој начин се поврзани со
убиството на покојниот Лазар Милошевски.
Повреда
на правата на обвинетите:
Повеќекратни се повредите на правата на
обвинетите, сторени во текот на постапката и тоа уште од фаза на предистражна
постапка.
Предистражната постапка ја водел неовлстен
орган, УБК, која не само што нема ингеренции, туку нема ни знаење за водење на
вака сложена постапка, особено во ситуација кога се води и предистражна
постапка во 2008 година, за настан кој се случил 2005 година. Во текот на
предистражната постапка не им е обезбедено правото на одбрана и второ и трето
обвинетите се солушувани во канцелариите на УБК во Велес, без присуство на
бранител, а за нивното задржување и приведување не е известен ниту еден член на
семејството, ниту било кој друг согласно законот. Семејствот не знаеше каде се
наоѓаат повеќе од 24 часа , се додека истите не беа изведени пред истражен
судија, кога новинарските екипи кои беа повикани од УБК не ги прикажаа на сите
вести, како убици кои сториле убиство по нарачка. Со ова не само што е
повредена презумцијата на невиност туку извршен е и притисок на судот кој во состојба на притосок на јавноста,
создаден и менаџиран од УБК, дека се работи за платени убици и притоисок на
јавното обвинителство дека по прв пат се употребува заштитен сведок, кој мора
да даде резултат, многу тешко можеше судот да спроведе правично и фер судење,
непристрасно и објективно ценејќи ги доказите. Сето тоа резултираше со две
осудителни пресуди кои апелациониот суд ги укина, со точни и прецизни
напатствија, кои му налагаа на првостепениот суд, објективно и непристрасно да
ги процени доказите. И висината на самата казна за едно од најгрозоморните и
најтешки дела “убиство по нарачка „, за кое едноставно не постојат олеснителни
околности, укажуваше дека се работи за „алиби пресуда“ , донесена под притисок на наведените
субјекти, без објективна и непристрасна проценка на доказите. Доколку е судот
сигурен во изведените докази, и вината на обвинетите, не може а да не изрече
доживотна казна затвор, за ова кривично дело.
Посебна приказна е судењето на прво
обвинетиот , кој во текот на истрагата во мигот на подигање на обвинителниот
акт се наоѓаше во САД, од каде што беше побарана негова екстрадиција. Екстадицијата
на првообвинетиот не беше дозволена, туку истиот беше депортиран од САД во
Македонија. И покрај укажувањата на одбраната дека согласно Законот за
меѓународна соработка во кривична материја, ниту еден обвинет не може да биде суден
за ниту едно друго дело освен за она за кое е екстрадиран, судот грубо ги
прекрши одредбите на законот и ја спроведе постапката и му изрече пресуда на
првообвинетиот. Со ваквото постапување на судот, грубо се прекршени законските
права на обвинетиот за забрана за судење за кривични дела за кои не е
екстрадиран.
Второ и трето обвинетите, издржуваа мерка притвор
од 04.11.2008 година се до 28.03.2011 година, односно 29 месеци или 875 дена.
Законските одредби гарантираат сведување на мерката притвор на најкусо можно
време на траење, како најтешка мерка за обезбедување на обвинетите, но истата
во конкретниот предмет повеќе се спроведуваше како казна а помалку како мерка. Согласно Законот за
кривична постапка, мерката притвор може да трае во текот на истрагата најмногу
6 месеци а по подигање на обвинителниот акт најмногу една години, односно 2
години за кривични дела за кои е предвидена доживотна казна затвор. Во
конкретниот случај, времетраењето на мерката притвор предвидена во законот е
пречекорена, со што се грубо повредени и прекршени правата на обвинетите.
Времетраењето на судењето, кое траеше
повеќе од 10 години, дирекно и грубо ги крши одредбите за брзо и ефикасно судење во најкус можен
рок, бидејќи едно децениско судење тешко да може да се нарече судење во разумен
рок.
Манипулацијата со заштитениот сведок од страна
на УБК и обвинителството, само ја дополнува сликата за необјективно, нефер и
незаконито пстапување на државните органи дирекно инволвирани во обезбедувањето
на доказите но и во моделирањето и усмерувањето на судењето, кон задолжително
донесување на осудителна пресуда и покрај немање на докази.
Со сево ова дирекно и грубо се повредуваат
одредбите од членот 6 од Евопската конвенција за заштита на човекови права,
односно се повредени правата предвидени и загарантирано со членот 6 од
Конвенцијата, и тоа правото на правично судење, судење во разумен рок, пред
непристрасен орган кој ќе ги утврди и разгледа основаноста на кривичните
обвиненија против обвинетите. Во конкретниот случај судот, ниту го спровел
судењето во разумен рок, ниту истото било правично, а поради пристраснот и
необјективно проценување на основаноста на обвинението и доказите.
