Анализа на Пресуда на Основен граѓански суд Скопје МАЛВП.бр.2328/18 од 17.06.2020 година и Пресуда на Апелационен суд Скопје ГЖ-1050/21 од 28.10.2021 година.
22.09.2022
Факти за случајот
Тужителката е сопруга на Извршител именуван за подрајчето на Основните судови Охрид, Струга и Дебар, кој функцијата Извршител ја обавувал се до неговата смрт на 16.02.2012 година. По неговата смрт, предметите во кои тој постапувал и преземал извршни дејствија, ги преземал тужениот како Извршител именуван за истото подрачје. Со оставинско решение О.бр.117/12 УДР.бр.137/12 од 08.06.2012 година и решение за дополнително пронајден имот од 21.02.2018 година тужителката била огласена за единствен законски наследник на оставината на нејзиниот покоен сопруг. Во меѓувреме, уште пред тужениот да започне да постапува по преземените предмети од покојниот Извршител, тужениот и тужителката склучиле договор за регулирање на меѓусебните права и обврски кои произлегувале од завршените и незавршените предмети на сопругот на тужителката, со кој меѓу останатото тужителката и тужениот се согласиле дека таа има право на наплата на награда и надоместок на другите трошоци за работа на извршителите во целост од започнатите и нереализираните предмети од покојниот Извршител. Тужениот извесен период постапувал во целост согласно договорот, по што на 15.04.2014 година писмено ја известил тужителката дека го раскинува договорот. Дел од извршните предмети во кои сопругот на тужителката преземал извршни дејствија, а ги довршил тужениот се предметите И.бр.858/2007-Ох, И.бр.859/2007-Ох, И.бр.860/2007-Ох и И.бр.861/2007-Ох. По четирите предмети, односно налози за извршување тужениот на посебната сметка отворена на негово име како Извршител наплатил 115.020,00 денари на 05.11.2014 и на 06.11.2014 година. Дејствијата кои ги преземал покојниот Извршител во споменатите предмети биле определени на износ од 41.520,00 денари. На 21.11.2014 од вкупно наплатените средства тужениот во корист на својата сметка префрлил износ од 83.361,00 денари, додека пак на 04.03.2016 во корист на сметката на тужителката префрлил износ од 11.783,00 денари.
Тужителката како единствен законски наследник на покојниот Извршител поднела тужба против тужениот како физичко лице, за стекнување без основ, повикувајќи се на одредби од член 199 од Законот за облигационите односи (ЗОО) во врска со член 46 од Законот за извршување (ЗИ) кој важел во време на смртта на нејзиниот сопруг, согласно кој извршителот има право на наплата во свое име и за своја сметка само оние дејствија кои тој лично ги презел. Тужениот во време на поднесување на тужбата бил пензионер. Предмет на постапката се средствата наплатени од тужениот во четирите предмети, а за дејствија преземени од сопругот на тужителката, намалени за ДДВ и за износот на веќе платените 11.783,00 денари, на кој износ тужителката побарала само законска казнена камата.
Првостепениот суд со пресуда МАЛВП.бр.2328/18 од 17.06.2020 го одбил како неосновано тужбеното барање. Судот утврдил дека побарувањето на тужителката може да произлегува единствено од надомест на штета поради раскинување на договор, по што утврдил дека тужителката за штетата и штетникот дознала на денот на раскинување на договорот – 15.04.2014, откога според судот започнал да тече рокот за застареност на побарувања од надомест на штета кој изнесува 3 години, па истиот истекол на 15.04.2017, многу пред поднесување на тужбата на 22.11.2018, што го чинело побарувањето на тужителката застарено.
Второстепениот суд со пресуда ГЖ-1050/21 од 28.10.2021 ја одбил жалбата на тужителката како неоснована и ја потврдил првостепената пресуда, во целост сложувајќи се со образложението на првостепениот суд, утврдената фактичка состојба и особено примена и толкување на материјалното право.
Значење и примена на материјалното право
Во постапката во која се донесени пресудите предмет на анализа и првостепениот и второстепениот суд своите одлуки ги засновале на одредбите од член 113, член 121 и член 365 став 1 сите од ЗОО, без притоа детално и правно издржано да ги образложат причините поради кои ценеле дека не се применливи одредбите од член 199 од ЗОО во врска со одредбите од членот 46 од ЗИ.
Согласно општото правило за стекнување без основ предвидено во член 199 од ЗОО кога дел од имотот на едно лице премине на било кој начин во имотот на некое друго лице, а тоа преминување нема своја основа во некоја правна работа или во законот, стекнувачот е должен да го врати тој дел од имотот, ако тоа е можно, а инаку е должен да ја надомести вредноста на постигнатата корист. Под премин на имотот се подразбира и стекнување на корист со извршено дејствие.
Видно од цитираната законска одредба е дека за настанување на однос кој произлегува од стекнување без основ, потребно е исполнување на неколку суштински претпоставки и тоа зголемување на имотот (збогатување) на едната страна; намалување на имотот (осиромашување) на другата страна; корелација меѓу намалувањето и зголемувањето на имотот на тие лица и отсуство (непостоење) на правниот основ кој правно би го оправдал намалувањето и зголемувањето на имотот на тие лица.
Согласно член 46 став 1 од Законот за извршување (Сл.Весник на РМ број 35/2005, 50/2006, 129/2006, 8/2008, 83/2009, 50/2010, 83/2010, 88/2010, 171/2010, 148/2011) Извршителот за извршените дејствија има право на награда и надоместок на трошоците во согласност со Тарифата за награда и надоместок на другите трошоци за работата на извршителот.
Тоа во предметната ситуација означува дека наградата и надоместокот кои тужениот ги наплатил во предметните четири извршни предмети, а се однесуваат на дејствија кои ги преземал сопругот на тужителката, претставувале имот на сопругот на тужителката, додека пак преостанатиот дел кој се однесувал на дејствија преземени од тужениот, претставувале негов имот.
Во македонското наследно право едни од основните начела се начелото на универзална сукцесија и начелото на стекнување на наследство по сила на закон во смисла на член 127 од Законот за наследување. Ова применето во конкретниов случај значи дека оставината на покојниот извршител преминува на неговите наследници во моментот на неговата смрт, па прифаќањето на наследството и огласувањето на тужителката за единствен наследник е од декларативен, а не од конститутивен карактер. Тоа пак понатаму значи дека целокупниот имот на покојниот извршител, во кој несомнено спаѓаат и правото на наплата на награда и надоместок за извршени дејствија во започнатите извршни предмети, преминал и претставува имот на тужителката.
Од наведеното неспорна е исполнетоста на претпоставките за настанување на однос од стекнување без основ. Односно имотот на тужениот се зголемил за износот на пренесените средства на име награда и надоместок за дејствија извршени од сопругот на тужителката, за сметка на што пак пак имотот на тужителката се намалил за таквиот износ. Притоа ваквото зголемување, односно намалување на имот, нема правен основ, со оглед дека не постоела ниту правна работа која предвидува тужениот да ги наплаќа и наградите и надоместоците за дејствијата преземени од сопругот на тужителката, ниту пак постоела таква законска одредба, особено ако се има в предвид содржината на членот 46 став 1 од ЗИ.
Одредбите од член 113, член 121 и член 365 став 1 од ЗОО на кои судовите ги засновале своите одлуки, се однесуваат на права на едната страна кога другата страна не ќе ја исполни својата обврска, дејство на раскинувањето на договор и рок на застареност на побарување на надомест на штета. Односно членот 113 предвидува право на надомест на штета на доверителот кога должникот од двостран договор не ќе исполни своја договорна обврска, без оглед дали доверителот ќе се одлучи да бара од должникот исполнување на својата обврска или ќе го раскине договорот. Членот 121 пак предвидува дека со раскинување на договор двете договорни страни се ослободени од своите обврски, освен од обврската за надомест на евентуална штета. Согласно членот 365 став 1 рокот за застареност е 3 години од денот кога оштетениот дознал за штетата и за лицето кое ја сторило.
Во конкретниов случај пред сѐ не се работи за двостран договор, бидејќи тужителката имала само права, а тужениот само обврски. Тоа понатаму значи дека примена имаат општите одредби за престанување на обврските со отказ, за каков што неспорно може да се толкува изјавата на тужениот иако насловена раскинување на договор. Одредбите од член 347 од ЗОО за отказ на траен долговен однос, не предвидуваат право на надомест на штета, туку само право на доверителот да ги бара стасаните обврски на должникот. Дотолку повеќе што договорот меѓу тужителката и тужениот не е од конститутивен карактер за нејзиното право на наплата на наградата и надоместоците за извршните дејствија преземени од нејзиниот сопруг, кое нејзино право произлегува од ЗИ и Законот за наследување.
Притоа дури и да станувало збор за надомест на штета на какво стојалиште застанале судовите во одлуките предмет на анализа, во член 376 од ЗОО е предвиден прекин на течењето на рокот на застареност, покрај со изрично признавање на долг, така и со конклудентни дејствија, како што е плаќање на дел од долгот. Во случајов тужениот по четирите предметни налози на ден 04.03.2016 и платил на тужителката дел во износ од 11.783,00 денари, што упатува на фактот дека на конклудентен начин признал дека врз основа на овие извршни предмети и налози има долг кон тужителката, па во смисла на член 381 од ЗОО рокот на застареност почнал одново да тече.
Во ЗОО, во глава II Настанување на обврските, Оддел 2 Причинување на штета, Отсек 9 Право на оштетениот по застареноста на правото да бара надомест, во член 198 е предвидено право на оштетениот по настапување застареност на правото да се бара надомест на штета, стекнатото со штетните дејствија да го бара од штетникот согласно одредбите за стекнување без основ, за што примена има општиот рок на застареност.
Ова значи дека дури и да е правилно толкувањето на судовите дека во случајов се работи за однос од причинување на штета со раскинување на договор и да се работи за застарено побарување, самиот законодавец застанал во заштита на оштетениот и упатил на примена на одредбите од стекнување без основ, на кои тужителката го засновала своето тужбено барање. Нормативниот текст на законот се дели на глави, кои понатаму се делат на оддели, кои понатаму се делат на отсеци, а отсеците на делови и членови. Тоа значи дека одредбите од отсекот се однесуваат на односите настанати од одделот, односно правото на оштетениот по застареност на побарувањето на надомест на штета, се однесува на сите односи настанати од причинување на штета, каков што судовите утврдиле дека е предметниот однос меѓу тужителката и тужениот.
За споредба, на иста фактичка состојба, помеѓу истите странки, за исто правно прашање, како и во постапката и одлуките предмет на анализа, истиот првостепен суд, но претставуван од друг судија, со Пресуда МАЛВП-890/18 го усвоил тужбеното барање и утврдил дека се исполнети претпоставките за облигациониот однос стекнување без основ. Ваквата пресуда истиот второстепен суд како и во одлуката предмет на анализа, со истиот претседател на совет, но различни членови на советот, со Пресуда ГЖ-2046/21 од 17.02.2022 ја потврдил првостепената пресуда и во целост се сложил со утврдената фактичка состојба и особено толкување и примена на материјалното право од страна на првостепениот суд.
Заклучоци
Видно од сето погоренаведено е дека судовите погрешно или воопшто не применувале одредби од материјалното право, особено од ЗОО, ЗИ и ЗН, на кој начин всушност сториле и повреди на постапката, но и невоедначено постапувале.
Имено, во конкретниов случај судовите во целост го занемариле фактот дека имотот на покојниот извршител, во кој несомнено припаѓа и правото на наплата на наградите и надоместоците за извршните дејствија преземени во четирите предметни извршни постапки, е преминат на тужителката, како негов единствен законски наследник и претставува нејзин имот, кој имот се намалил како последица на фактот што тужениот при наплатата на извршните трошоци делот кој припаѓал на покојниот извршител, односно на тужителката, го префрлил на своја сметка. Оттука во смисла на член 46 став 1 од ЗИ и член 199 од ЗОО исполнети се во целост суштествените елементи на односот стекнување без основ – збогатување на тужениот, осиромашување на тужителката, корелација меѓу истото и отсуство на правна работа или закон како правен основ, кои одредби судовите воопшто не ги ценеле, ниту примениле, без за тоа да дадат правно издржано образложение.
Понатаму кога веќе се впуштиле и утврдиле дека тужбеното барање може да биде само за надомест на штета, судовите не разграничиле дали тужителката и тужениот склучиле едностран или двостран договор, како и фактот која договорна страна и од кои причини и изјавила на другата страна дека повеќе не е обврзана со договорот, за да се впуштат во примена на одредбите за раскинување на двостран договор и право на надомест на штета поради раскинувањето. Исто така судовите како воопшто да не го ценеле фактот дека тужениот по предметните четири извршни предмети извршил уплата кон тужителката, на кој начин го прекинал течењето на рокот на застареност, па воопшто и не ги примениле одредбите за прекин на застареноста.
Судовите од нејасни причини пропуштеле да применат и круцијална одредба која се однесува на правата на оштетениот по застареност на побарувањето на надомест на штета, во ситуација кога изрично утврдиле дека тужбеното барање може да се однесува само на надомест на штета и дека истото е застарено. Имено, самиот законодавец во член 198 од ЗОО упатува на примена на одредбите за стекнување без основ при постоење на застарено побарување на надомест на штета, која одредба судовите без причина не ја примениле.
Сметам дека во случајов неспорно се работи за стекнување без основ, па судовите со непримена на одредбите за стекнување без основ, но и со дијаметрално различното одлучување за идентично правно прашање во засебни постапки, го кршат материјалниот закон, постапуваат невоедначено, па влијаат на загрозување на правната сигурност на странките и почитување на уставно издигнатата темелна вредност, владеење на правото.