Александра Цветановска
24.02.2020

Александра Цветановска е родена
на 08 јануари 1988 година во Скопје. Дипломирала и магистрирала на правниот
факултет ,,Јустинијан Први,, при Универзитетот "Св. Кирил и Методиј
"во Скопје. Од 2010 година работи во Македонското здружение на млади
правници на имлементација на проекти од областа на заштита на човековите
права. Автор е на многубројни анализи,
правни мислења и е предавач во областа на заштита од дискриминација.
Учествуваше во работната група за измени на Законот за спречување и заштита од
дискриминација и e член на
Национално координативно тело за следење на состојбите со недискриминација и
реализацијата на законите, подзаконските акти и стратешки документи во оваа
област.
